Министерот г. Чупи се сретна со претседателот на Собранието, г. Талат Џафери

На официјална средба министерот задолжен за дијаспора Др. Џемаил Чупи се состана со  претседателот на Собранието во Република Северна Македонија, г. Талат Џафери.

На одржаната средба се разговараше за важноста и долгорочната улога на дијаспората од Република Северна Македонија како клучен фактор во креирањето и спроведувањето на стратешките политики во однос на дијаспората.
Согласно истото, посебна точка на дискусија беше формирањето на пратеничка група за соработка со дијаспората, во која ќе членуваат пратеници како од власта така и од опозицијата, со што ќе се се создаде нов модел на соработка меѓу државните институции и дијаспората, каде што ќе се анализира моменталната состојба и ќе се креираат нови долгорочни стандарди и политики помеѓу страните.
 

 

Macedonian