Министерот г. Џемаил Чупи на средба со дебарскoтo здружение во Њујорк, САД.

Министерот задолжен за дијаспора во Република Северна Македонија Др. Џемаил Чупи придружуван од директорот на Агенцијата за инвестиции, г. Беким Емини, за време на престојот во Соединетите Американски Држави, односно во државите Њујорк и Њу Џерси, одржа средба со „Tатковинското здружението Дибра„.

Средбата беше информативна, каде преку интерактивна презентација, со конкретни точки беа истакнати сите можности што Владата на Република Северна Македонија и ги нуди на дијаспората, но беа откриени и дел од проектите за дијаспората што ќе ги иницира здружението а ќе бидат поддржани од Mинистерот за дијаспора и релевантните институции во Република Северна Македонија. 

 

Macedonian