Министерот г. Џемаил Чупи се сретна со успешниот бизнисмен на македонската дијаспора во САД г. Селим Руси

На средбите на Министерот задолжен за дијаспора во Република Северна Македонија д-р. Џемаил Чупи со успешни бизнисмени на македонската дијаспора во САД, може да се издвои средбата со г. Селим Руси, претприемач со широк деловен досег во Америка, но во последните години и кај нас, бидејќи г. Руси е партнер на KFC за целиот Балкан, со над 800 сегашни вработени, но и многу други партнерства со германски компании.

Во оваа прилика, министерот Чупи му врачи благодарница за неговиот придонес во вработувањето на стотици граѓани од Република Северна Македонија во Соединетите Американски Држави како и во татковината и за неговото постојано лобирање за националната кауза, бидејќи е и почесен конзул во Република Албанија.

Macedonian