Министерот г. Џемаил Чупи го посети Македонската православна црква „Свети Никола“ во Њу Џерси, САД
По посетите и средбите со дијаспората, министерот задолжен за дијаспора, др. Џемаил Чупи ја посети Македонската православна црква „Свети Никола“ во државата Њу Џерси и одблиску ги виде верските и културните активности на овој истакнат центар за Македонската православна заедница. Придружуван од директорот на Агенцијата за инвестиции, г. Емини и генералниот конзул г. Панев, беше примен од претседателот на црковниот одбор г. Иво Марковски и од верскиот министер Дејан Ѓорчески. Заеднички беше договорено овие посети да се интензивираат и развиваат во периодот кога ќе има различни културни манифестации.