Министерот г. Џемаил Чупи го посети Специјалната мисија на Република Северна Македонија во Канцеларијата на Обединетите нации во ЊуЈорк

Во последните денови од престојот на министерот задолжен за дијаспората, 
д-р Џемаил Чупи во државата Њујорк, имајќи ги предвид последните настани од руската воена инвазија на Украина, значајна посета беше неговата посета на Специјалната мисија на Република Северна Македонија во Канцеларијата на Обединетите нации во Њујорк. Придружуван од директорот за странски инвестиции, г. Емини и генералниот конзул во Њујорк, г. Панев беше примен од вршителот на должноста амбасадор Душко Узуновски и дипломатот Катина Георгиевска. 


Министерот беше информиран за високиот интензитет на работата на Обединетите нации, поврзана со ситуацијата во руско-украинската војна, а од друга страна вршителот на должноста беше информиран за новите владини мерки во РСМ како последица на економската и енергетската криза во државата.

 

 

Macedonian