Министерот г. Џемаил Чупи го посети муслиманскиот центар основан од дијаспората која доаѓа од општина Жупа

По значајните средби на министерот Чупи во Америка беше и средбата со Муслиманската заедница од општина Жупа. Иако оваа заедница е формирана во последниве години таа  вклучува многу активности, вклучително верски служби и веронаука за деца за време на викендите. Придружуван од директорот за странски инвестиции, г. Емини и Генералниот конзул г. Панев, министерот беше примен од познатиот имам од Скопје г. Омер Муса, претседател на центарот г. Денис Џемовски и дел од членовите.

Macedonian