Министерот г. Џемаил Чупи се сретна со Министерот за Надворешни Работи на Република Северна Македонија, г. Бујар Османи

На официјална средба, Министерот задолжен за дијаспора Д-р. Џемаил Чупи, беше примен од Министерот за Надворешни Работи на Република Северна Македонија, г. Бујар Османи.
На средбата се разговараше за усогласување на активностите на кабинетот на Министерот задолжен за дијаспората, од една страна и секторот за јавна дипломатија, дијаспора и културна соработка при Министерството за надворешни работи, од друга страна. Се одлучи да се земат сите архивски материјали на поранешниот министер за дијаспора, г. Адеми, кои пред неколку години беа префрлени во МНР; Воедно се договорија и за кадровска мобилност, односно трансфер на еден дипломат од кариера во кабинетот на Министерот задолжен за дијаспора за полесен пристап до конзуларните услуги на дијаспората и многу други работи поврзани со унапредување на политиките на дијаспората.

Macedonian