Министерот г. Џемаил Чупи придружен од заменик министерот г. Даим Лучи пречека делегација на Универзитетот 18 Март од Чанаккале во Република Турција

Во текот на работните средби, во придружба на заменик министерот за култура во Република Северна Македонија, г. Даим Лучи, министерот д-р Џемаил Чупи со задоволство причека делегација на Универзитетот „18 Март“ од Чанаккале , Република Турција ,предводена од ректорот Проф. д-р Седат Мурат.


Во средбата се разговара за различни теми вклучувајќи ја и нашата дијаспора, земајќи го предвид нејзиниот голем број во Република Турција. Посебен акцент на разговорот беше  секако и научната дијаспора како релевантен чинител , при што ректорот изрази подготвеност за идна соработка на ова поле од заеднички интерес.



 

Macedonian