Министерот г. Џемаил Чупи во официјална посета ја прими Неговата Екселенција, Амбасадорот на Кралството Шпанија г. Хозе Луис Лозано Гарсија
Денеска во официјална посета министерот Д-р Џемаил Чупи прими неговата Екселенција, Амбасадорот на Кралството Шпанија во Скопје, г. Хозе Луис Лозано Гарсија.
На средбата се разговараше за коректните односи меѓу двете земји и се изрази подготвеност за зајакнување на билатералните односи, при што министерот г. Чупи преку амбасадорот се заблагодари на Кралството на Шпанија за континуираната поддршка на Република Северна Македонија во нејзиниот евро интегративен процес.
Амбасадорот г-дин Гарсија, меѓу другото, рече дека Шпанија е една од земјите кои ја поддржуваат интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и истакна дека е отворен за размена на искуства каде според него моделот на Кралството на Шпанија во однос на имиграцијата е признат во светот како позитивен модел.