Министерот г. Џемаил Чупи во официјална посета ја прими Неговата Екселенција, Амбасадорот на Република Бугарија г. Ангел Ангелов
Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, денеска во просториите на Владата на Република Северна Македонија, во рамките на заедничката пријателска средба помеѓу Министерот задолжен за дијаспора д-р Џемаил Чупи и Амбасадорот на Република Бугарија, неговата екселенција, г-дин Ангел Ангелов, се разговараше на теми кои што првенствено се однесуваа на дијаспорите на двете држави, нивната улога и влијание во матичните држави, но исто така и воопштено за сите области кои се битни во билатерални односи.
Следствено на тоа, двете страни се согласија дека треба напорно да се работи за продлабочување и зајакнување на меѓу соседските односи преку консултации по пат на продуктивни средби, исполнети со взаемно разбирање на можните спротивставени ставови по однос на некои прашања и воедно надминување на предизвиците во процесот на европската интеграција.