На Кабинетот на Министерот задолжен за дијаспора, д-р Џемаил Чупи, му се придружи министер советник од Министеревото за надворешни работи, г. Сејди Демири

Во рамките на целосното екипирање на Кабинетот на Министерот задолжен за дијаспора, д-р Џемаил Чупи, од 01.04.2022 година кон нашиот тим се придружи министерот советник од Министерството за надворешни работи, г. Сејди Демири кој ќе биде ангажиран во областа на дипломатијата и конзуларните услуги за дијаспората.


Г. Демири e кариерен дипломат со наслов “министер - советник” во Министерството за надворешни работи. Во текот на кариерата бил неколку пати во дипломатска служба во неколку дипломатско-конзуларни претставништва.

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: