Преставничката на Кабинетот на Министерот задолжен за дијаспора, д-р Џемаил Чупи, м-р Вања Христовска Каил присуствуваше на онлајн Презентација на алатките за мапирање на дијаспора

На 13 април 2022 година, м-р Вања Христовска Каил - Советник за соработка со меѓународни организации при Кабинетот на Министерот задолжен за дијаспора, присуствуваше на онлајн Презентација на алатките за мапирање на дијаспората, организирана од страна на ИОМ, на која земаа учество претставници на Министерството за Надворешни работи на РСМ и експерти од ИОМ канцелариите во Женева и Виена, со цел како запознавање со новата методологија и техники на мапирање така и споделување на успешни искуства од други држави но и пречките со кои истите се соочиле при истражувањата во ова поле на интерес.

Macedonian
АКТУЕЛНОСТИ: