Министерот г. Џемаил Чупи на работна посета во Германија беше примен од претседателот на Унијата на албанските исламски центри во Германија, г. Менсур Халили

На 27.04.2022 година, Министерот д-р Џемаил Чупи, ја започнаа неговата работна посета на Сојузна Република Германија, придружуван од членовите на Кабинетот на дијаспората, г-дин Демири и г-дин Коруми.
Првата средба го реализира во Дизелдорф, во просториите на Албанскиот исламски културен центар (Уиазд), каде што беше пречекан од претседателот на Унијата на албанските исламски центри во Германија, г. Менсур Халили, неговите колеги и други членови на претседателството и унијата.
На средбата се разменија мислења за положбата на дијаспората во Германија, меѓу другото се разговараше и за можностите кои матичната земја и ги нуди на нашата дијаспора, во случајов  во Германија.
Претседателот на унијата и другите членови на претседателството информираа за својот став и активностите што ги реализирале со својата планирана програма.
Беа предложени и различни форми на продлабочување на меѓусебната соработка.

Macedonian