Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета на Албанскиот исламски центар Ебу Ханифе во Троисдорф, Германија
Под организација на Албанскиот исламски центар „Ебу Ханифе“ во Троисдорф, Германија, министерот д-р Џемаил Чупи, со големо задоволство учествува на ифтарска вечера што се одржа во чест на светиот месец Рамазан, ноќта на Кадр.
Министерот д-р Џемаил Чупи му се благодари на поканата на претседавачот на Албанскиот исламски центар на „Ебу Ханифе“, г. Махир Мустафа, и на членовите на центарот, исто така им честита и за работата што ја вршат и за нивниот придонес во одржувањето на врските меѓу граѓаните кои живеат во градот Троисдорф и околината. Вреди да се спомене дека на оваа средба беше поканет и генералниот конзул на Косово во Бон, г. Арјан Каштањева.