Министерот г. Џемаил Чупи на официјална средба со претставниците на црквата "Св. Тројка" и здружението "Илинден" во Минхен, Германија
Во градот Минхен, во просториите на нашиот Генерален Конзулат, дојдоа во посета членовите на црквата „Св. Тројка“ и на здружението „Илинден. Карактеристично за меѓуцрковната хармонија беше фактот дека и покрај тоа што македонската заедница во Минхен е православна, во отсуство на автокефална црква, богослужбите се одржуваат во Католичката црква.