Министерот г. Џемаил Чупи се сретна со федерален комесар за миграција, бегалци и интеграција на Сојузна Република Германија, г-ѓа Реем Алабали-Радован

Официјалната средба во Берлин, на министерот д-р Џемаил Чупи оствари со германската колешка г-ѓа Рим Алабали-Радован, државен министер во германската канцеларија и федерален комесар за миграција, бегалци и интеграција во Канцеларијата на г-дин Олаф Шолц, беше од големо значење. Тема на средбата беше миграцијата, со оглед на фактот дека нашата дијаспора во Германија веќе достигна 132 илјади жители. Се разговараше и за социјализација на дијаспората и вклучување на здруженијата во општествените активности во Германија, но имајќи го предвид зачувувањето на нивниот идентитет, јазик и култура. На министерката, министерот д-р Џемаил Чупи, им предочи некои од предизвиците и проблемите со кои се соочува нашата дијаспора во Германија, со посебен акцент на Законот за забрана на двојни пасоши, кој ги обврзува нашите иселеници  да се откажат од државјанството на матичната држава. Дополнително г-ѓа Алабали-Радован вети дека во рамките на нејзиниот мандат ќе вложи максимални напори во насока на  укинување на овој закон. Заедно се согласија да се работи на продлабочување на соработката на полето на интеграцијата на нашата дијаспора во Германија

Macedonian