Министерот г. Џемаил Чупи со конкретни предлози до надлежните државни органи за олеснување на граничните премини за иселениците

Врз основа на претставките на нашата дијаспора, министерот д-р Џемаил Чупи, испрати конкретни предлози до надлежните државни органи за имплементација на олеснувачки методи во рамки на законските одредби, надлежностите и капацитети предвидени во Законот за гранична контрола и Законот за царина, со цел надминување на предизвиците со кои се соочува нашата дијаспора при посетата на татковината, особено за време на летните одмори, кога напливот на граничните премини е поголем.
Предлозите на министерот за овaa прашања се следните: 
- Да се искористат сите кадровски, технички и организациски потенцијали и можности за зголемување на ефикасноста и брзината при контрола на граничниот сообраќај на влезот/излезот на граничните премини; и 
- Да се отвори дополнителна посебна лента особено за нашите граѓани кои живеат во дијаспората.

Macedonian