Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета во Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија, оствари средба со г-ѓа. Артемис Мало

Во Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија, остварена е средба со г-ѓа Артемис Мало. На средбата се разменија мислења за понатамошната соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и македонското национално малцинство. 
Министерот Чупи информира за динамиката на соработката со дијаспората и нејзината важност воопшто за нашата држава, како и тоа дека се очекува донесување на закон за дијаспора, а со тоа се очекува и интензивирање на билатерална соработка за имплементација на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу двете држави, кој во скоро време треба да биде ратификуван од страна на парламентите во Република Северна Македонија и во Република Албанија. 
Ја истакна можноста за учество на заеднички проекти од областа на дијаспората, имајќи го во предвид фактот дека имаме заедничка дијаспора во Западна Европа и во прекуокенаските земји, како и размена на искуства во поглед на начините за мапирање на дијаспората во светот, со цел добивање на податоци за поблиската бројност, профилот на занимања и др. карактеристики. Истакната е потребата од поголема соработка на граничните служби со цел непречено и брзо преминување на границите.
Извести дека е во тек проектот за основање на Општински центри низ целата држава а кои ќе служат на иселенците кои во летниот период ќе престојуваат во земјата како центри за добивање на информации за нивните права и должности кои ги имаат за време на престојот во матичната земја.   

ЗМЕНР Мало од нејзина страна предложи соработка со дипломатски и конзулани преставништва за користење на заеднички простории во нашите ДКП-а со цел намалување на трошоците а со тоа би се зголемила и соработката во дипломатска и конзуларна област меѓу нашите претставништва. Исто така извести дека во Р. Албанија има закон за заштита на националните малцинства каде што според Уставот се признаени 9 малцинства меѓу кои и македонското национално малцинство. Изрази готовност за уште поинтензивна соработка со малцинставата во Р. Албанија како и со македонското национално малцинство. 
Обострано се нагласи потребата, граничниот премин во село Џепиште да биде 24/7 отворен за проток на стоки и луѓе и да не важи само за месното население, туку за сите граѓани на двете држави.

Macedonian