Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета на Република Албанија, оствари средба со поранешниот министер за дијаспора, г. Пандели Мајко

Средбата со пратеникот и поранешен министер за дијаспора, г. Пандели Мајко беше од голема корист во однос на неговото искуство во областа на прашања од дијаспората, со цел обезбедување на најдобри и олеснувачки услуги за дијаспората.
Пандели Мајко истакна дека албанската дијаспора во светот е една, без разлика на потеклото, затоа владините одлуки во регионот мора да бидат унифицирани. Извести дека по завршената реформа во областа на дијаспората, поранешното Министерство за дијаспора во Република Албанија, чиј министер беше тој, сега е дел од Министерството за Европа и надворешни работи, но и покрај тоа, соработката на дијаспората меѓу двете земји мора да продолжи.
Министер Чупи извести дека во завршна фаза на донесување во РСМ е Законот за дијаспора и дека се разгледуваат можности за електронско гласање на дијаспората, со цел да можат своето право на глас да го дадат иселениците ширум светот, познавајќи ги тешкотиите кои постојат со лично присуство во ДКП-та.
Напомена дека ќе се парават напори да се издејствува примена на унифициран буквар за иселениците Албанци по потекло од РСМ, како што сега се користи од дијаспората на Р. Албанија и Р. Косово.  

Macedonian