Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета на Република Албанија, оствари средба со поранешниот Министер за надворешни работи, г. Ариан Старова
На работниот ручек со поранешниот министер во Министерство за надворешни работи на Република Албанија, поранешен пратеник и актуелен Претседател на Либерално-демократскиот сојуз г. Ариан Старова, се разменија мислења и искуства во областа на дипломатијата а во тој контекст беа споменати и проблематики со кои се соочува нашата дијаспора. Притоа високо е оценето неговото искуство во областа на надворешната политика и добиени се сознанија од неговата политичка кариера.
Оваа средба послужи како добар патоказ за понатамошна уште поплодна соработка во надворешната политика а во тие рамки и на што поуспешно промовирање на вредностите на дијаспората.