Министерот г. Џемаил Чупи оствари работна посета на Амбасадорот на Република Северна Македонија во Тирана, г. Данчо Марковски
Во просториите на Амбасадата на РСМ, како домаќин се реализира средба со Амбасадорот г. Данчо Марковски со кој се разговараше за работата и активностите на нашето ДКП во Тирана. Амбасадорот Марковски истакна дека Амбасадата во овој период освен билатерлните односи и редовните конзуларни работи, реализира повеќе проекти од областа на културата со цел зачувување на културниот и националниот идентитет на МНМ во Р. Aлбанија.
Министерот Чупи се заблагодари на подршката и помошта што Амбасадата ја пружи при успешно реализираната посета и притоа изрази подготвеност за подршка на сите идни активности на Амбасадата во делот на финансирање на нашите здруженија во Р. Албанија како и во делот на организирањето на културни настани во градовите каде што живее и делува МНМ.