Министерот г. Џемаил Чупи во работна посета на здружението Дебарска заедница во Тирана, Албанија

На средбата со здружението „Дебарска заедница“ со седиште во Тирана, една од најстарите Дебарски заедници кои живеат во Тирана, кои во далечните 1912-1913 година како резултат на тогашниот агресор без нивна волја мигрирале од Дебар во Тирана.
Денес оваа заедница брои многу интелектуалци, професори, научници, културни работници, писатели итн. кои веќе како интегрирана шеста генерација ја продолжуваат Дебарската традиција и култура во Тирана.
Министерот Чупи информира за можностите за нивно учество во различни културни, издавачки проекти и други активности за негување на традицијата и културата на Дебарчани во Тирана и пошироко. Упати покана да ја посетат РСМ со цел воспоставување соработка со државните институции во нашата земја.


 

Macedonian