Министерот г. Џемаил Чупи се сретна со Комитетот за национални малцинства во Советот на министри на Република Албанија

На средбата со членовите на Комитетот за национални малцинства во Советот на министри на Република Албанија се разговараше за состојбите со националните малцинства во Р. Албанија со посебен акцент на положбата на македонското национално малцинство(МНМ).
Г.ѓа Бежани, претседателката на Комитетот информираше за работата и активностите на Комитетот и ги претстави неговите членови, кој брои девет национални малцинства, меѓу кои и Македонското национално малцинство (МНМ), претставено од г. Марјана Фелах (Костофски). Истакна дека Република Албанија посветува посебно внимание на малцинствата и активно ја поддржува работата на Комитетот, кој се залага во иднина националните малцинства да имаат свој претставник во Собранието на Република Албанија. Ја пофали работата на претставничката на МНМ г.ѓа Фелах, која е активна во сите активности во поглед на зачувувањето на националниот идентитет, историја, култура на Македонците кои живеат во Р. Албанија. 
Министерот Чупи  го изрази своето задоволство што Република Албанија, преку работата и активноста на Комитетот, постигнала значителен напредок во унапредувањето на правата на националните малцинства. Изрази благодарност за приемот и предложи одржување на заеднички состанок на Комитетот за национални малцинства на Република Албанија со Агенцијата за остварување на правата на заедниците во Република Македонија. 
Амбасадорот на РСМ во РА, г. Марковски, оцени дека Комитеот има пред себе голема задача во унапредувањето на положбата на националните малцинства во поглед на изучување на мајчиниот јазик, зачувување на националниот и културен идентитет, а при тоа Амбасадата ќе претставува мост за помагање во реализирањето на планираните активности на Комитетот.


 

Macedonian