Министерот г. Џемаил Чупи оствари средба со преставници на Социалистичка Партија на Албанија

Средбата со претставници на Социалистичка Партија на Албанија за прашања од дијаспората, пратеникот г. Лавдрим Краши и заменик министерката за внатрешни работи г.ѓа Ромина Куко, реализирана е во просториите на седиштето на СП во Тирана.
Министерот Чупи на средбата истакна дека унапредувањето на правата на дијаспората треба да биде наша заедничка заложба, за што владите на двете земји преземаат бројни мерки во овој правец. Исто така е важно веќе потпишаниот Меморандум за соработка во областа на дијаспората меѓу двете земји да биде што поскоро ратификуван од страна на парламентите во Република Албанија и Република Северна Македонија. Изрази очекување дека скоро во Собранието на Република Северна Македонија ќе се формира пратеничка група за соработка со дијаспората а тоа ќе придонесе за уште потесна соработка помеѓу партениците во двата парламенти. 
Потенцираше дека Кабинетот на Министерот задолжен за дијаспора како основа во работењето се раководи взр основа на донесениот Акциски план на Националната стратегија на Република Северна Македонијаза соработка со дијасппората 2019-2023 г. 
Соговорниците истакнаа дека и покрај тоа што дијаспората во овој владин мандат е во ингеренциите на Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија, но секако дека останува подготвеноста да ги споделат своите искуства од промените направени во Законот за дијаспора. Нагласија дека дијаспората треба да се гледа како неотуѓив дел на нашите општества и многу важен партнер во привлакувањето на инвестиции а притоа да се изнајдат модалитети за охрабрување на иселениците да инвестираат во матичните земји. 

Macedonian