Министерот г. Џемаил Чупи оствари средба со Отец Фабио Баџо, подсекретар во секторот за мигранти и бегалци при католичката црква во Ватикан, Италија

Во просториите на дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој во Ватикан, иституција која е назначена од страна на Папата, се оствари средба со Отец Фабио Баџо, подсекретар во секторот за мигранти и бегалци при католичката црква. 

На состанокот се дискутираше за многу аспекти на миграцијата и нужната поддршка која им се пружа на најранливите категории заради заштита на нивните права, подобрување на нивната општа состојба, како и нивна полесна интеграција во Италијанското општество, но зачувувајќи ги нивните вредности, култура и идентитет. 

Потсетувајќи дека во Република Северна Македонија Католичката црква е уставна категорија, министерот д-р Џемаил Чупи истакна спремноста за понатамошна соработка, со цел нашето мултиетничко и мултирелигиозно општество, по пат на меѓуверски дијалог и прифаќање на разликите, да продолжи со продуктивен соживот помеѓу заедниците во нашата држава и во дијаспората.

Macedonian