Министерот г. Џемаил Чупи и други претставници на делегацијата на Република Северна Македонија оствари работна средба со градоначалникот на Венеција г. Виторио Запалорто

Министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи и други претставници на делегацијата на Република Северна Македонија предводена од г. Фатмир Битиќи, во просториите на префектурата оствари средба со градоначалникот на Венеција г. Виторио Запалорто.

Средбата се одвиваше во многу пријатна атмосфера со истакнување на пријателските односи помеѓу нашите две земји а посебно беше нагласена улогата на нашата дијаспора во регионот на Венето како високо интегрирана категорија на граѓани во општество. На взаемно задоволство на обете страни се покажа волја за понатамошна сеопфатна соработка се во насока на уште поинтензивирана поддршка на нашите иселеници во Република Италија.

Macedonian