Министерот Чупи, во Тревизо учестуваше на промовирањето на бинзис форумот на Италијанско-македонската стопанска комора API NORDEST

Eден од релевантните настани при работната посета на Република Италија беше и бизнис форумот за промоција на италијанско-македонската стопанска комора АПИ НОРДЕСТ одржан во општина Тревизо. Претседателот на оваа асоциација г. Мунир Шемши како пример на успешен претприемач, припадник на нашата дијаспора во Италија, се погрижи за беспрекорната организација на настанот на кој покрај делегацијата од РСМ предводена од вице премиерот г. Битиќи присуствуваше градоначалникот на Тревизо, конзулот на РСМ во Венеција, градоначалници од неколку општини во РСМ, како и други функционери, бизнисмени и гости.
На промоцијата министерот Чупи одржа говор за одбележување на овој значаен настан на кој имаше чест и задоволство да биде поканет и со беше пречекан со топло добредојде. Со огромна верба дека овој вид на добра практика ќе виде само вовед во безброј отворени можности за економска и културна соработка со нашата дијаспора, меѓу министерот и градоначалникот на општина Тревизо г-дин Марио Конте беа разменети подароци како симбол на пријателството на двете земји.


 

Macedonian