Говор на министерот Др. Џемаил Чупи во научниот симпозиум во чест на творештвото на проф. Др. Себахатин Заим

Во овој научен симпозиум што се одржа во чест на творештвото на проф. Др. Себахатин Заим, министерот Чупи одржа говор, кој во целост го пренесуваме во продолжение:

Почитуван градоначалник на општина Штип, г. Иван Јорданов, почитуван заменик министер за образование и наука д-р. Лулзим Алиу, почитуван заменик министер за култура г-дин. Даим Лучи, почитуван Ректор на Државниот Универзитет на Чанаккале, 18 март, проф.д-р. Седар Мурат, како и сите останати присутни на овој Симпозиум.

Се собравме тука да одадеме почит на ликот и делото на проф. д-р. Себахатин Заим, како значаен член на нашата дијаспора кој се родил во Штип а дејствувал во Турција.
Проф. д-р. Заим бил голем човек, интелектуалец, угледен економист и ценет академик, со вложен огромен труд во делот на науката и препознатлив автор со богат научен опус, кој оставил траен печат во науката од областа на економијата, каде што денеска по неговото име има и универзитет во Турција. Со други зборови, тој е истакнат член од нашата дијаспора со кој сите ние се гордееме.

Како министер во Владата на РСМ задолжен за дијаспора, основна цел ми е секогаш да останеме верни на нашите корени, следствено, клучен дел од националната стратегија за дијаспора ми е мапирањето на научната дијаспора, за научници како проф. д-р. Заим да бидат истакнати и запаметени во историјата на РСМ, да се одбележат нивните успеси и да бидат мотивација за помладите генерации.

За крај, сакам да потсетам дека во август е 30 годишнина од воспоставување на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција и токму вакви истакнати личности на нашата дијаспора се мотивација за да продолжиме со заложбата за зачувување на пријателските билатерални односи и да ги зајакнеме врските меѓу нашите народи.

Овој научен симпозиум е мал скромен чин за Проф. д-р. Себахатин Заим засекогаш да остане запаметен.

Ви благодарам!


 

Macedonian