Министерот Чупи учествуваше на културно-научната манифестација „Светлината на Гонџе“

Во чест на 112-годишнината од раѓањето и 25-годишнината од смртта на Гонџе Бојаџиу - Мајка Тереза, на покана на директорот на Спомен куќата на Мајка Тереза, г. Насер Цури, министерот учествува на културно-научната манифестација насловена „Светлината на Гонџе“ во која беше промовирана книгата Писма на Гонџе Бојаџиу, Мајка Тереза од авторот Антон Ник Бериша во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје.

Macedonian