Министерот Чупи се сретна со претседателот на Културниот центар НОМАРТ г. Ромир Имами и претседателот на информативниот медиум Albinfo.ch, г. Севдаил Тахири

Во просториите на Амбасадата на РСМ во Берн министерот реализира средба со претседателот на Културниот центар НОМАРТ г. дин Ромир Имами и претседателот на информативниот медиум на албански јазик Albinfo.ch во Швајцарија, г. дин Севдаил Тахири. На средбата имаше кратка презентација на културните активности на НОМАРТ и работата на медиумот АЛБИНФО.

Претседателот на културниот центар НОМАРТ предложи овој центар да се институционализира и да биде КИЦ на РМВ во Швајцарската Конфедерација, по примерот на постоечкиот КИЦ во САД. Исто така Albinfo.ch предложи медиумски да ја покрива и РСМ како што актуелно известува за Р. Албанија Р. Косово.

Министерот Чупи го изрази своето задоволство и подготвеност за отворање на КИЦ во Швајцарија и воедно ова ќе биде и следна активност во соработка со надлежните институции во земјава, а притоа имајќи ја во предвид бројноста на нашата дијаспора и потрбата од отворање на ваков центар.

Macedonian