Министерот Чупи за време на посетата на Швајцарската Конфедерација беше пречекан од амбасадорот Кенан Рамадани
Министерот Чупи, во работната посета на Швајцарската Конфедерација, беше пречекан од амбасадорот на Република Северна Македонија, г. Кенан Рамадани, со кого разменија размислувања, предлози и начини за уште поблиска соработка во однос на обезбедување на најдобри и најефикасни услуги за нашата дијаспора.
Исто така, на средбата беа разменети мислења за дополнителното образование, за интеграцијата, социјализацијата на дијаспората на Република Северна Македонија во земјата домаќин итн.
Министерот Чупи му се заблагодари на амбасадорот Рамадани за логистичката поддршка што ја понуди при посетата на Швајцарската Конфедерација.