Министерот Чупи во градот Луцерн се сретна со претставници на Мрежата на бизнисмени од централна Швајцарија
Министерот Чупи во градот Луцерн ја разви активностa со бизнис заедницата каде се сретна со претставниците на Мрежата на бизнисмени од централна Швајцарија, со претседателот г. Флорим Усеини, успешен бизнисмен по потекло од Република Северна Македонија.
На средбата со присутните, министерот Чупи ги запозна со предностите што ги нуди нашата земја во однос на привлекувањето странски инвестиции од дијаспората на Република Северна Македонија.
Исто така министерот ги информираше дека најдобар начин за промоција на нивните бизниси е одржување на економски форуми.
Претседателот на оваа мрежа информираше за нивните активности во однос на вмрежување на успешни бизнисмени во Швајцарија за на капитал и во поглед на можностите за инвестирање.