Министерот Чупи оствари средба со претставниците на Федерацијата на лекари Албанци за Европа

Министерот Чупи во градот Цирих оствари средба со претставници на Федерацијата на лекари Албанци за Европа.

На оваа средба, министерот Чупи оствари важен разговор со Федерацијата на лекари Албанци за Европа, поточно со претставниците за Швајцарија, на чело со проф. Д-р. Фадил Читаку и Д-р. Арб’р Морина, со што г. Читаку и г. Морина ја расплетува неколкугодишната работа на Федерацијата, која со своите научни резултати сведочи за постигнување на високо ниво на успех, што резултира не само во Европа, туку и во светот.

Исто така на оваа презентација учествуваа и претставници на медицинските компании "Sana Pflege mit Herz" dhe "Spitex".

Со оглед на одливот на мозоци во земјите од Западна Европа, министерот Чупи ги информираше присутните за можноста за визитинг професори во Република Северна Македонија, со посебен акцент на медицината, како и дека во иднина се планира да се одржи конференција на лекари и научници од различни области на медицината од дијаспората.

Средбата со Федерацијата на албански лекари за Европа помина во топла и пријателска атмосфера оставајќи простор за заеднички проекти.

Macedonian