Министерот Чупи во градот Вајнфелд ја посети фабриката за преработка на месо Ардивал АГ

Во рамки на работната посета на Швајцарската конфедерација во градот Вајнфелд, министерот Чупи ја посети фабриката за преработка на месо и месни производи „Ардивал АГ“.

Сопственикот на компанијата г. Самет Исеини, по потекло од Чеграни, директно ги запозна со процесот на преработка на месо, целосно автоматизиран до финален производ со модерна механизација која денес претставува сериозен бренд кој се продава и во мрежата на Алди.

Во разговорот беше спомената и можноста за инвестирање во татковината, каде што г. Исени изјави дека треба да се преиспитаат стандардите во областа на преработката на месо, кои треба да бидат на ниво на строгите правила кои владеат во Швајцарија.

Macedonian