Министерот д-р. Џемаил Чупи му се заблагодари на амбасадорот на Република Северна Македонија во Берн, г. Кенан Рамадани, г. Ромир Имами и сите домаќини на состанокот
По завршувањето на работната посета на Швајцарската Конфедерација, министерот Д-р. Џемаил Чупи и неговиот советник г. Сејди Демири направија ретроспектива на работата каде оценија дека средбите поминале во многу позитивна атмосфера, со што им се заблагодари на сите домаќини кои одржале средби.
Исто така, министерот Чупи, за време на престојот во Швајцарската Конфедерација, на повеќе средби беше придружуван од амбасадорот на Република Северна Македонија во Берн, г. Кенан Рамадани, кој исто така изрази посебна благодарност и воедно му се заблагодари на г. Ромир Имами, кој веќе подолго време живее и работи како фотограф во градот Фрибург, кој ни понуди вредна логистичка поддршка во текот на целиот престој на министерот.