Министерот Џемаил Чупи го пречека претседателот на Управниот одбор на мрежата бизнисмени Албанци од Централна Швајцарија, г. Флорим Усеини

Како последователен процес од работната посета на министерот д-р. Џемаил Чупи во Швајцарската Конфедерација, министерот Чупи, оствари средба со претседателот на Управниот одбор на мрежата бизнисмени Албанци од Централна Швајцарија, г. Флорим Усеини по потекло од РСМ.


Г. Усеини се заблагодари уште еднаш заедничката средба во Швајцарија и по разговорот во врска со информациите за привлекување на инвестиции од страна на нашата дијаспора во РСМ, искажа голем интерес заедно со бизнисмени од Швајцарија за инвестирање во областа на обновливите енергии и фотоволтаици во нашата земја.


Министерот Чупи уште еднаш го информира за процедурата за инвестирање во РСМ, како и за поволностите што нашата земја им ги нуди на странските бизнисмени, бизнисмени од нашата дијаспора кои покажуваат интерес за инвестирање во областа на енергетиката, односно во обновливи извори на енергија и други области. Истовремено, со цел реализација на оваа соработка, за подетални информации министерот Чупи, го упати на директна средба со Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, г. Фатмир Битиќи и Министерот за економија, г. Крешник Бектеши, кои се надлежни за соработка во областа на енергетиката.


Меѓудруго министерот Чупи се изрази, се надевам дека оваа соработка, во овие тешки финансиски и економски времиња, особено во областа на енергетиката, ќе се финализира со успешна инвестиција во корист на двете страни.

Macedonian