Се потпиша првиот договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу министерот Џемаил Чупи и градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски
Денешниот ден, 02.11.2022 година, е ден од посебно значење од причина што беше потпишан првиот договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу министерот д-р. Џемаил Чупи и градоначалникот на Општина Крушево, г. Томе Христоски.
Во оваа прилика министерот Чупи им се обрати на присутните во Општина Крушево, при што првенствено му се заблагодари на градоначалникот за неговата подготвеност за продлабочување на соработката и воедно даде краток осврт на проектите на кои Кабинетот континуирано работи во полза на дијаспората.
Соработката согласно потпишаниот договор ќе се спроведе по пат на отворање на општински канцеларии кои ќе имаат посредничка улога во насока да на граѓаните од дијаспората им се овозможи полесен пристап до потребните информации и да им се даваат дополнителни упатства врз основа на нивните права и обврски во соодветните постапки пред надлежните органи за време на нивниот престој во матичната земја.
Исто така, денес и во наредните денови ќе се продолжи со потпишување на договори за соработка во областа на дијаспората и со други општини во кои претстои отварање на општински канцеларии.
На оваа средба министерот Чупи беше во придужба на Директорот за државниот инспекторат за локална самоуправа г. Африм Ќоку.