Министерот Џемаил Чупи потпиша договор за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Македонски Брод, г. Жарко Ристески

Општина која одговори на повикот за отворање на општинската канцеларија „Центар за дијаспора“ беше и Општина Македонски Брод, каде помеѓу градоначалникот на оваа општина г. Жарко Ристески и министерот д-р. Џемаил Чупи, се потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората.

Во присуство на општински советници и раководители на институции, министерот Чупи ги откри деталите од проектот кои служат за доброто на дијаспората.

Освен нивната приоритетна улога на посредници помеѓу граѓаните во дијаспората и матичната земја, овие канцеларии ќе го олеснат спроведувањето на мапирањето на нашата дијаспора, со посебен акцент на економската, научната и граѓанско - цивилната дијаспора.

Macedonian