Министерот Џемаил Чупи потпиша договор за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Центар Жупа, г. Аријан Ибрахим

Следна општина со која министерот д-р. Џемаил Чупи ќе соработува во областа на дијаспората е Центар Жупа претставувана од нејзиниот градоначалник г. Аријан Ибрахим.

За министерот и градоначалникот, дијаспората на Општина Центар Жупа има голема важност и тежина, затоа, со потпишувањето на овој договор се отвора ново поглавје со кое на граѓаните на оваа општина кои живеат во странство ќе им се овозможи полесен пристап до потребните информации и ќе им бидат дадени дополнителни упатства заради остварување на нивните права и обврски во постапките релевантни пред надлежните органи за време на престојот во матичната земја.

Средбата што ја одржаа беше од голема важност бидејќи заеднички се договорија да работат на превземање на следните  потребни чекори до реализација на проектот.

Macedonian