Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората за отворање на функционални канцеларии за дијаспората во Општина Маврово и Ростуше
На подрачјето на Oпштина Маврово и Ростушe, со градоначалникот на оваа општина, г. Медат Куртовски министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората за отворање на функционални канцеларии за дијаспората.
На средбата која е исто така од особено значење, со градоначалникот Куртовски и присутните општински советници и претставници на државни институции разговараа за концептот на Центарот за дијаспора, каде министерот даде детално образложение во врска со имплементацијата на овој актуелен проект кој ќе и служи на дијаспората во насока на нивно остварување на правата и обврските, исто така се договорија заеднички да се стремат кон продлабочување на соработката.