Министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи учествуваше на презентацијата на Индексот на човечки развој на Република Северна Македонија за 2021/22 година“

На покана на Претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. г. Стево Пендаровски и во организација на УНДП и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје, заедно со Потпретседателот на Собранието на РСМ, д-р. г. Хисни Исмаили, министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи учествуваше на презентацијата на Индексот на човечки развој на Република Северна Македонија за 2021/22 година“.

Публикацијата Индексот на човековиот развој е статистика составена од различни индикатори која служи како показател за состојбата на нашата земја во сите сфери, со цел постигнување на повисоко ниво на човековиот развој за што е потребно да се соочиме со реалноста и да ги решаваме проблемите кои не засегаат, и на овој начин да се овозможи постигнување на позитивни промени за нашата земја за да се придружи кон листата на развиени земји.

Macedonian