Потпишан Договор за соработка во областа на дијаспората со Општина Босилово

Денес, во Општина Босилово со градоначалникот на оваа општина г. Ристе Манчев, министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи го потпиша Договорот за соработка во областа на дијаспората.
На овој настан присуствуваа градоначалникот Манчев и претставници од општината. Меѓу другото, зборуваа за развојните методи на проектот Центар за дијаспора како и за услугите кои се очекува да ги дава овој центар.
Заедно се договорија да продолжат да работат на реализацијата на овој проект.

Macedonian