Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Штип, г. Иван Јорданов

Денес следуваше потпишувањето на анексот на Договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Штип, г. Иван Јорданов. 
За време на посетата министерот имаше можност заеднички да дискутира со присутните на теми од повеќе сфери од интерес за дијаспората со потекло од источниот дел на нашата земја. Се утврди дека од двете страни постои волја за идна блиска соработка преку отворање општински канцеларии за поддршка на дијаспората, сето ова во насока на подобрување и олеснување на условите за остварување на правата на нашите сонародници за време на нивниот престој во својата матична земја.

Macedonian