Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Аеродром, г. Тимчо Муцунски

Денес во просториите на Општина Аеродром , заедно со градоначалникот г-дин Тимчо Муцунски министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи го потпиша Договорот за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на РСМ и општината.
Општина Аеродром како најголема на територијата на градот Скопје има секако и поголем број на граѓани кои мигрирале во други држави кои заедно со останатите ја сочинуваат нашата дијаспора и воедно се јавува зголемена потреба од понапредни услуги за нив кога престојуваат во својата земја на потекло односно на територијата на својата општина.
Со потпишувањето на овој договор соработката ќе биде продлабочена и планираните проекти ќе се реализираат во правец на начелно олеснување на повеќе права за дијаспората преку отворањето на Центарот за дијаспора во оваа општина, кој ќе ја има улогата на посредник за да им овозможи поедноставен пристап на граѓаните од дијаспората до потребните информации и да им се дадат дополнителни упатства заради исполнување на нивните права и обврски во соодветните постапки пред надлежните органи, за време на нивниот престој во матичната земја.


 

Macedonian