Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Ресен, г. Јован Тозиевски

Следна општина со која министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи  потпиша Договор за соработка во областа на дијаспората е Општина Ресен, предводена од нејзиниот градоначалник, г. Јован Тозиевски.
На оваа средба, која е од големо значење, разговараа за фактичката состојба на дијаспората од оваа општина и за вредноста и важноста на истата. 
Заеднички се согласија за идно продлабочување на соработката заради постигнување на целите дефинирани во потпишаниот договор.
Заедно со министерот беше и директорот на државниот инспекторат за локална самоуправа, г. Ќоку.

Macedonian