Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Новаци, г. Стевче Стевановски
На средбата со градоначалникот на Општина Новаци г. Стевче Стевановски, денес министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи потпиша договор за соработка во областа на дијаспората.
И оваа средба е од особена важност земајќи го во предвид значењето и потенцијалот на дијаспората од оваа значајна општина во Битолското поле, како и за можностите кои би им ги понудиле за олеснување на нивните права кои се детално наведени во потпишаниот договор.