Предлог иницијатива за зајакнување на активната младина во дијаспората
Откако ја утврди стасаноста на потребата од предлог иницијатива за зајакнување на активната младина во дијаспората како одраз на препознавање на големата улога на младите кои треба да ја имаат во донесувањето на одлуки, по пат на писмена коресподенција министерот ја извести Агенцијата за млади и спорт и ги посочи следните активности на кои треба да им се придаде особено значење, во согласност со Националната Стратегија на РСМ за соработка со дијаспората 2019-2023, меѓу нив:
-Зголемување на мобилноста и соработката меѓу младите во земјата и оние во дијаспората;
-Во соработка со граѓанското општество, внесување програма за летна пракса и волонтерство за младите во дијаспората;
-Креирање на програми за неформално образование на младите од дијаспората преку обуки,конференции и сл;
-Создавање на младински клуб на дијаспората и вклучување а истиот како советодавно тело во склоп на Агенцијата за млади и спорт и организирање заеднички активности помеѓу клубот и младнските организации во РСМ.
Агенцијата безрезервно се согласи сугестиите да бидат вметнати како составен дел при креирањето на новата Национална стратегија за млади 2023-2027 а доколку се обезбедат средства во буџетот за млади за 2023 година и дел од предложените активности да бидат ставени во Програмата за работа на Сектор млади на Агенцијата за млади и спорт за 2023 год.