Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Гостивар, г. Арбен Таравари

Денес заедно со градоначалникот на општина Гостивар, г-дин Арбен Таравари, министрот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи потпиша договор за отворање на Канцеларијата за соработка со дијаспората, која ќе го носи името „Центар за дијаспора“.
Соработката ќе биде од корист за дијаспората, за поефикасни, ефективни услуги и правилно информирање за сите нивни права.
Во делот на електронската документација ќе се помогне во соработка со МИОА, каде вработениот во „Центарот на дијаспора“ од Општина Гостивар ќе соработува со вработените во МИОА за поквалитетни и услуги во реално време. 
Тоа ќе покаже дека сме блиски со нашата дијаспора и ќе се потрудиме да ја вратиме нивната доверба во институциите. 
Ова ќе биде добро не само за општината туку и за нашата држава, бидејќи е познато дека најмногу потенцијални инвеститори се од дијаспората. 
Канцеларијата ќе има посредничка улога и ќе служи како центар каде дијаспората ќе добие пристап до потребните информации и дополнителни насоки врз основа на нивните права за правилни процедури во институциите.


 

Macedonian