Министерот задолжен за дијаспора д-р. Џемаил Чупи присуствуваше на седница на собранието каде на присутните им се обрати претседателот на Сојузна Република Германија Н.Е.Г Франк Валтер-Штајнмајер

На покана на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, министерот задолжен за дијаспора д-р. Џемаил Чупи присуствуваше на седница на собранието каде на присутните им се обрати претседателот на Сојузна Република Германија Н.Е.Г Франк Валтер-Штајнмајер.
Во фокусот на неговото излагање беа севкупните билатерални односи, партнерството во НАТО, војната во Украина, текот на пристапните преговори со ЕУ и европската перспектива на Северна Македонија, како и можностите за јакнење на економската соработка и ублажување на последиците од енергетската криза.

Macedonian