Министерот Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората со градоначалникот на Општина Свети Николе, г. Дејан Владев

Денес во просториите на Општина Свети Николе заедно со градоначалникот г. Дејан Владев, министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи го потпиша договорот за соработка во областа на дијаспората.
Со овој договор кој предвидува отварање на функционална канцеларија за дијаспора, заеднички ќе им се излезе во пресрет за потребите на граѓаните за време на нивниот престој во татковината.
Освен приоритетна посредничка улога на оваа канцеларија помеѓу граѓаните во дијаспората и нивната татковина, овие канцеларии ќе го олеснат спроведувањето на мапирањето на нашата дијаспора, со посебен акцент на економската, научната и граѓанско - цивилната дијаспора.

Macedonian